Соединетите Американски Држави први го честитаа изборот на Владата на Зоран Заев со порака упатена преку Амбасадата во Скопје.
Амбасадорот Џес Бејли на твитер порака му честиташе на Заев и на парламентарното мнозинство за формирањето на новата Влада.
„Како пријател и партнер на Македонија одвај чекаме со новата влада да работиме на реформите за напредок кон членството во НАТО и ЕУ, како и на владеењето на правото“, се вели во твитер пораката на амбасадорот Бејли.