САД СИЛНО ВЕРУВААТ ДЕКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ

    САД СИЛНО ВЕРУВААТ ДЕКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМНа вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург беше одлучено во октомври да се навратат на прашањето за отворање преговори. - Швајцер-Блум со американски војници на воената вежба „Одлучен удар“ во Криволак на 17 јуни (Фото: Ѓ. Личовски)

    САД сметаат дека Северна Македонија заслужува датум за отворање преговори за членство во Европската унија, кажа в.д. амбасадорот на САД во Скопје Микаела Швајцер-Блум, откако на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ во Луксембург беше одлучено во октомври да се навратат на прашањето за отворање преговори.

    „Американската влада силно верува дека Северна Македонија заслужува датум за отворање пристапни преговори во најбрз можен рок. Ние сме охрабрени што Европската унија ќе донесе одлука за отворањето преговори со Северна Македонија оваа година“, изјави в.д. амбасадорот на САД во Скопје Микаела Швајцер-Блум за МРТВ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари