САМИ БАРАВМЕ ПОМОШ ОД САД ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУМПИРАНИ ФУНКЦИОНЕРИ, РЕЧЕ ОСМАНИ ЗА ДОАЃАЊЕТО НА ТИМОТ ОД ВАШИНГТОН

    САМИ БАРАВМЕ ПОМОШ ОД САД ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУМПИРАНИ ФУНКЦИОНЕРИ, РЕЧЕ ОСМАНИ ЗА ДОАЃАЊЕТО НА ТИМОТ ОД ВАШИНГТОНОд средбата на Османи со државниот сектетар на САД Ентони Блинкен на министерскиот состанок на НАТО во Букурешт на 30 ноември. (Фото: Фејсбук)

    Македонија сама бараше помош од САД за борба против корупцијата, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи ја вчерашната објава на американската амбасадорка Анџела Агелер дека тимот за санкции од САД пристигна во земјава за да изврши увид во бившите и сегашните корумпирани функционери, по што ќе следува и соодветен одговор. Османи рече дека го поздравува засилениот ангажман на САД за поддршка на институциите за владеење на правото и борба против корупцијата.

    Тој кажа дека помошта била побарана поради стравувања дека ќе останеме без мониторинг од ЕУ ако не ги отвориме пристапните преговори, а сега од една страна стратешкиот дијалог со САД и неговите механизми и од друга страна преговорите со Унијата се „двете страни на ножицата која треба да ја искорне корупцијата“.

    „Апсолутно го поздравуваме овој засилен ангажман на САД во поддршка на институциите за владеење на правото. Веднаш штом го започнавме стратешкиот дијалог со САД во јуни, САД прво финансиски помагаше, додаде над 4 милиони евра само за прашањето на владеење на правото, еве сега продолжува со дополнителни механизми преку поддршка од страна на експрерти, искористување на нивните механизми, санкционирање, јавно именување итн. И тоа е дел од тоа што ние го побаравме, кога имавме дилеми дали ќе почнат преговорите или не, јас стравував дека ќе останеме без таков мониторинг. Тогаш побаравме од САД дајте да ја издигнеме на повисоко ниво оваа соработка. Беше наше барање“, вели Османи.

    Агелер вчера реше дека „Тимот за санкции од Вашингтон е тука заради поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, а Османи вели дека станува збор за еден сеопфатен пристап и оти тој го дели ставот дека корупцијата во земјава не е само на ниво на политика туку и во секој општествен сектор.

    „Секаде каде граѓаните се јавуваат на шалтер и бараат услуга од државата има елементи на корупција и ништо не сме направиле ако имаме селективен пристап во овој дел. Сеопфатен пристап од портирот на врата до највисокиот функционер во државата. Ние сме тие кои го предложивме ветингот. Еве уште еднаш сме спремни, ако зборувам како претставник на ДУИ, да предложиме закон во кој ќе бараме институциска интероперабилна проверка на секој кандидат за носител на јавна функција за да се даде можност на кој што било конкурира за јавна функција да помине низ таков ветинг процес. Го поддржуваме тој процес, поддржуваме бескомпромисна борба со корупцијата на сите нивоа“, рече Османи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира