САМО 15 ПРАТЕНИЦИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ДА БИДАТ ВОЛОНТЕРИ НА ЦРВЕН КРСТ НА ЕДЕН ДЕН

    САМО 15 ПРАТЕНИЦИ СЕ ПРИЈАВИЛЕ ДА БИДАТ ВОЛОНТЕРИ НА ЦРВЕН КРСТ НА ЕДЕН ДЕНДосега се пријавени 15 пратеници, но ние и во наредните денови ќе лобираме и очекуваме бројката да порасне до 25 пратеници“, рече спикерот Гаши. (Фото: СДК.МК)

    Собранието заедно со Црвениот крст ќе организира волонтерски ден на 5 декември, при што пратениците ќе посетат и е волонтираат на неколку пунктови за ранливи категории во Скопје. Досега, како што кажаа од кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши, од 120 пратеници само 15 се пријавени дека ќе волонтираат.

    „Ние испративме покани за овој волонтерски ден до сите пратенички групи. Досега се пријавени 15 пратеници, но ние и во наредните денови ќе лобираме и очекуваме бројката да порасне до 25 пратеници”, рече Гаши.

    Собранискиот спикер на денешниот брифинг со новинарите кажа дека новиот Изборник законик уште не е стасан во Собранието и оти од Владата им било речено дека е во завршна фаза.

    „Министерството за правда го прави Изборниот законик, ни беше речено дека е во завршна фаза. Побаравме во Собранието да се формира работна група и имаме начелно договор околу тоа. Отворени се две варијанти да се вклучиме додека се изготвува или откако ќе биде готов да ги дадеме нашите забелешки“, рече Гаши.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира