САМО КАТИЦА НЕ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НОВА ГОДИНА НА ВИЛМА НА СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“

    САМО КАТИЦА НЕ Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НОВА ГОДИНА НА ВИЛМА НА СУДЕЊЕТО ЗА „РЕКЕТ“Денеска на судењето за „Рекет“ ќе сведочи само заменичката на Јанева, обвинителката од СЈО Елизабета Јосифовска. - Катица Јанева; Вилма Русковска (Фото: СДК.МК)

    На судењето за „Рекет“ утринава во Основниот суд Скопје 1, адвокатите на обвинетите Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13 веднаш штом влезе шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, тргнаа да ѝ честитаат Нова Година.

    Само поранешната специјална обвинителка Катица Јанева не се помрдна од местото. Јовановски во тој момент не беше сѐ уште спроведен од затворот во Шутка.

    По неколку минути, влезе расположен Боки 13 и тој на новинарите им посака здравје и среќа во 2020 година.

    Денеска ќе сведочи само заменичката на Јанева, обвинителката од СЈО Елизабета Јосифовска. Таа и за време на истрагата објасни како Јанева барала од неа со нејзин потпис да му даде нов времен пасош на Орце Камчев, како осомничен во истрагата за „Империја“.

    Јовановски е обвинет за Примање награда за противзаконито влијание (земање рекет од 1,5 милион евра од Камчев) и за Перење пари, а Јанева за Злоупотреба на службената положба и овластувањата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира