САЊА ЛУКАРЕВСКА НОВА ДИРЕКТОРКА НА УЈП

    САЊА ЛУКАРЕВСКА НОВА ДИРЕКТОРКА НА УЈПЛукаревска држи говор на протестот на Шарената револуција во Скопје на 12 мај минатата година. (Фото: скриншот/Јутјуб)

    Владата ја назначи Сања Лукаревска за директорка на Управата за јавни приходи на денешната седница на која се расправаше за кадровски решенија. 34-годишната Лукаревска, која е дипломиран правник и вработена во Управата за јавни приходи, не е многу позната во јавноста.

    Член е на Извршниот одбор на СДСМ и беше кандидат за пратеник на СДСМ во првата изборна единица на изборите на 11 декември минатата година, но не влезе во Собранието. Беше и активист на Шарената револуција и држеше говори на многу протести низ целата земја. Ќерка е на актерот Ѓокица Лукаревски.

    Во УЈП доаѓа на местото на Анастасија Илиевска, која на позицијата се задржа нешто помалку од една година.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира