СДСМ – 415.726, ВМРО-ДПМНЕ – 335.054 (ИЗВОР: ДИК)

    СДСМ – 415.726, ВМРО-ДПМНЕ – 335.054 (ИЗВОР: ДИК)Излезноста на вчерашните локални избори беше 59,56 отсто. (Фото: Ѓ. Личовски)

    СДСМ и коалицијата имаат освоено 415.726 гласа на локалните избори по преброени 99,51 отсто од гласовите, според сајтот со резултати на Државната изборна комисија, додека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат освоено 335.054 гласови. Станува збор за бројки од гласањето за општински совети, без Советот на Град Скопје, додека бројката од гласањето за градоначалници се разликува.

    ДУИ е третопласирана со 89.617 гласови, следуваат Алијанса за Албанците со 48.767 и Движењето Беса со 46.464. Во овие бројки не се пресметани бројките од општините, каде што албанските партии имаа заеднички листи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари