СДСМ ГО ИЗБРА ЗАЕВ ЗА МАНДАТАР, СЛЕДИ ОДЛУКА КОГА ЌЕ БАРААТ МАНДАТ ОД ИВАНОВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СДСМ ГО ИЗБРА ЗАЕВ ЗА МАНДАТАР, СЛЕДИ ОДЛУКА КОГА ЌЕ БАРААТ МАНДАТ ОД ИВАНОВ

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев ќе биде мандатар за состав на новата Влада, утврди денеска едногласно  Централниот одбор, соопшти партијата.

    „Чест е, моја и на СДСМ, што по скоро 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска Влада на Република Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска Влада во којашто приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија. Рековме дека секој граѓанин е во центарот на нашето внимание. Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно праведно и правично општество за сите и сѐ што правевме досега во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејќи се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Македонија“, рече Заев на седницата, според партиското соопштение.

    Со неговото утврдување за мандатар за Влада Заев доби поддршка и овластување од Централниот одбор да влезе во преговори за владината програма и за новиот владин состав.

    „Следува период во којшто ќе се посветиме на поставување на квалитетна владина програма, што ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реални политики, така како што избраа граѓаните на Македонија. Презедовме обврски за живот за секој човек со Планот на живот. СДСМ носи живот за сите граѓани на Македонија“, рече претседателот Заев.

    Социјалдемократите вечерва на седница на Извршниот одбор треба да донесат одлука кога од претседателот Ѓорге Иванов ќе го бараат мандатот за влада.

    Откако ДУИ ги даде потписите за добивање мандат за формирање влада, портпаролот на партијата Бујар Османи синоќа изјави дека давањето потписи е да се запази рокот за локалните избори, но тоа сè уште не значи дека ДУИ ќе учествува во владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира