Премиерот Зоран Заев за време на денешната посета на Арачиново го објави првиот кандидат на СДСМ за локалните избори на 15 октомври. Станува збор за Милитие Халими, која ќе биде кандидат на СДСМ за градоначник на Општина Арачиново.
„Ние во Арачиново ќе настапиме со член на СДСМ, почитуван во општеството. Ќе настапиме со жена Албанка, Милитие Халими, човек кој со семејството потекнува од овде. Се надевам дека ќе бидеме доволно примамливи да ја добиеме поддршката од мнозинството граѓани во Арачиново“, изјави денеска Заев.
Тој рече и дека 70% од кандидатите на СДСМ за градоначалници веќе се утврдени, а уште се во тек преговорите со актуелните, но и потенцијални коалициони партнери.