14 ОПШТИНИ ВО КОИ СДСМ ВЛЕГУВА СО ПРЕДНОСТ ВО ВТОРИОТ КРУГ И 6 ОПШТИНИ ВО КОИ ВОДИ ВМРО-ДПМНЕ

    14 ОПШТИНИ ВО КОИ СДСМ ВЛЕГУВА СО ПРЕДНОСТ ВО ВТОРИОТ КРУГ И 6 ОПШТИНИ ВО КОИ ВОДИ ВМРО-ДПМНЕГласач го проверува списокот на избирачко место во Скопје за време на локалните избори на 15 октомври 2017 (Фото: Ѓ. Личовски)

    Во вториот круг од локалните избори на 29 октомври, СДСМ ќе влезе со предност во 14 општини, додека ВМРО-ДПМНЕ во 6 општини.

    Според податоците на Државната изборна комисија, по првиот круг СДСМ победил, но го нема потребниот број од над 50 отсто од излезените гласачи во 14 општини. Во 13 од нив во вториот круг против кандидати ќе им бидат ВМРО-ДПМНЕ, а во една општина кандидатот за градоначалник од НДП.

    ВМРО-ДПМНЕ предност пред СДСМ има во 6 општини. Најтесна е разликата меѓу двете партии во Штип каде што кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев освои само 36 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски. Ситна е разликата и во Чешиново-Облешево, каде ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг има предност пред СДСМ од само 39 гласови.

    Кај албанските партии ДУИ во вториот круг ќе влезе со предност во 11 општини, Алијансата на Албанците и ДПА имаа предност само во по една општина.

    Во две општини со предност во вториот круг ќе влезат независни кандидати.

    СДСМ води во:

    1. Кисела Вода
    2. Бутел
    3. Гази Баба
    4. Шуто Оризари
    5. Виница
    6. Градско
    7. Демир Капија
    8. Јагуновце
    9. Карбинци
    10. Македонска Каменица
    11. Македонски Брод
    12. Росоман
    13. Старо Нагоричане
    14. Чашка

    ВМРО-ДПМНЕ води во:

    1. Зрновци
    2. Кавадарци
    3. Новаци
    4. Пробиштип
    5. Чешиново-Облешево
    6. Штип

    ДУИ води во:

    1. Гостивар
    2. Тетово
    3. Чаир
    4. Сарај
    5. Боговиње
    6. Врапчиште
    7. Дебар
    8. Долнени
    9. Желино
    10. Липково
    11. Теарце

    Алијанса на Албанците води во:

    1. Струга

    ДПА води во:

    1. Студеничани

    Независни кандидати имаат водство во:

    1. Брвеница
    2. Могила

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира