СДСМ ВОДИ СО 1 ОТСТО НА НИВО НА ЦЕЛА ДРЖАВА, СПОРЕД ПРВИЧНИТЕ НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ НА ДИК

    СДСМ ВОДИ СО 1 ОТСТО НА НИВО НА ЦЕЛА ДРЖАВА, СПОРЕД ПРВИЧНИТЕ НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ НА ДИКОд денешното гласање во Скопје (Фото: Ѓ. Личовски)

    Коалицијата на СДСМ има 36,94 отсто од гласовите по преброени гласови од 2.477 избирачки места од вкупно 3.480, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од денешните предвремени парламентарни избори. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има 35,98 отсто од гласовите.

    ДУИ има 10,18 отсто од гласовите, додека Алијанса за Албанците има 7,93 отсто. Левица има 4,14 отсто. Ова се резултати на ниво на држава, односно во сите шест изборни резултати.

    Веб сајтот на ДИК сè уште е паднат, а резултатите ги објавуваат на Јутјуб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира