СЕ ИСПИТУВА ДАЛИ 4 ЛИЦА ОД ТЕТОВО ИМААТ ЈУЖНОАФРИКАНСКИ СОЈ НА КОВИД-19

    СЕ ИСПИТУВА ДАЛИ 4 ЛИЦА ОД ТЕТОВО ИМААТ ЈУЖНОАФРИКАНСКИ СОЈ НА КОВИД-19Во Тетово има 34 активни случаи на ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Во Тетово има четири случаи кои треба да се секвенцираат, но врз основа на скринингот се суспектни на јужноафриканскиот сој на ковид-19, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Информацијата ја добил утрово од академик Александар Димовски од Центарот за генетско инженерство и биотехнологија „Ѓорѓи Ефремов“ при МАНУ.

    „Тоа значи дека, ете, има и други соеви во земјава. Пристапот е ист, детална епидемиолошка анкета, скрининг, анализа. Утрово разговарав и со лабораторијата во Институтот за јавно здравје и со лабораторијата во приватната болница и нема податоци за нови случаи со делта сој“, кажа Филипче на настан за отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка од Црвен  крст.

    Во земјава има 156 активни случаи на ковид-19, и веќе десетина потврдени случаи на делта сојот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира