СЕ НАДЕВАМ ДЕКА РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ БИДЕ УСПЕШЕН И ЌЕ ГИ ЗАТВОРИМЕ ПОГЛАВЈАТА ЗА НАТО И ЕУ, РЕЧЕ ЗАЕВ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

    СЕ НАДЕВАМ ДЕКА РЕФЕРЕНДУМОТ ЌЕ БИДЕ УСПЕШЕН И ЌЕ ГИ ЗАТВОРИМЕ ПОГЛАВЈАТА ЗА НАТО И ЕУ, РЕЧЕ ЗАЕВ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТПремиерот Зоран Заев е првиот македонски премиер кој зборуваше на македонски јазик во Европскиот парламент. - Заев на враќање од Стразбур со Високата претставничката на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини (Фото: Фејсбук)

    Премиерот на Република Македонија Зоран Заев пред пратениците во Европскиот парламент(ЕП) во Стразбур рече дека Македонија е исправена пред одлука што не е лесна и се надева дека референдумот ќе биде успешен, а Македонија ќе влезе во НАТО и ќе ги затвори поглавјата за влез во Европската унија.

    „Ќе бидеме Република Северна Македонија, со признаен македонски народ и македонски јазик. Ова е најдобрата шанса што нашата земја ја добила досега. Нема да ја пропуштиме, ќе ја зграпчиме, зашто таа е нашиот билет за ЕУ и НАТО“. рече премиерот Заев.

    Заев е првиот македонски премиер кој му се дозволи да зборува на македонски јазик во Европскиот парламент.

    „Вербата во европската иднина беше клучниот мотив за постигнувањето на договорите со Грција и Бугарија, горди сме на постигнатото. И политичката криза низ која што поминавме беше борба за либералните европски вредности. Нашите граѓани го направија изборот, се определија за европските вредности. Ние сакаме да бидеме инспирација за решавање на сите отворени прашања на Западен Балкан. Едно од прашањето што требаше да го решиме беше спорот за името. Имаме достоинствен договор со кој го зачувавме нашиот идентитет. Договорот од Преспа е одличен модел за решавање чувствителни прашања и може да се употреби во други делови од светот. На граѓаните е да одлучат дали ќе го премостат прагот на иднината“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира