Компанијата „Нептун“ се интегрира во нова регионална структура, ги обединува своите операции во Албанија, Косово, Македонија и Босна и Херцеговина.
Оваа транформација ја прави Александрос Косенас, извршен директор на „Нептун Интернешнл“, а кој над 15 години е лидер во „Нептун Албанија“. Тој зборува за причините за воспоставувањето на новата структура, амбицијата на компанијата да прерасне од малопродажен синџир во регионален дигитален лидер, како и за тоа што значи оваа новина за потрошувачите, вработените, партнерите и идниот развој на „Нептун“.
„Нашиот децентрализиран модел со години функционираше многу добро. Тој им овозможи на компаниите во секоја земја да развијат силно локално познавање на пазарот, брзо да реагираат на неговите потреби и да изградат водечка позиција кај потрошувачите. Верувам дека токму ова локално претприемништво е една од силните страни на ‘Нептун’ и секако не сакаме да го изгубиме. Но, кога една организација ќе достигне одредено ниво на развој, следната фаза на раст бара поинаков пристап. Денес работиме во четири земји, со повеќе од 100 продавници и околу 1.400 вработени. На ова ниво, постојат значителни можности за обединување на нашето знаење, капацитети и куповна моќ, а истовремено и за избегнување на дуплирањето на активностите на различни пазари. Целта на ‘Нептун Интернешнл’ е да создаде посилна организација во која компаниите во одделните земји ќе останат блиски до своите потрошувачи и одговорни за своето работење, но истовремено ќе имаат пристап до регионални капацитети, заеднички стандарди и споделена експертиза“, вели за обединувањето извршниот директор Косенас.
Додава дека негова цел не е да ѝ кажува на секоја земја како да го води својот бизнис, туку да разбере во што е најдобра секоја од нив и да создаде механизми за споделување на најдобрите практики. Во продолжение кажува и дека „Нептун“ сака да продолжи и со географското проширување кога ќе се појават вистинските можности за тоа.
Вели дека потрошувачите како во продавниците, така и онлајн, треба да добијат подобра достапност на производите, поширок и поквалитетен асортиман, поконкурентни понуди, подобри услуги и многу посилна поврзаност меѓу физичките и дигиталните канали.
*Комерцијален текст



