СЕ ОТВОРИ МОЖНОСТ СТРУЈАТА ДА ПОЕВТИНИ ИЛИ БАРЕМ ДА НЕ ПОСКАПЕ, ВЛАДАТА ГО НАМАЛИ ДДВ-ТО ОД 18 НА 5 ОТСТО

    СЕ ОТВОРИ МОЖНОСТ СТРУЈАТА ДА ПОЕВТИНИ ИЛИ БАРЕМ ДА НЕ ПОСКАПЕ, ВЛАДАТА ГО НАМАЛИ ДДВ-ТО ОД 18 НА 5 ОТСТОМинатиот месец, премиерот Зоран Заев рече дека инвестициите во обновливи избори на енергија ќе ги чинат граѓаните, но дека годинава не очекува струјата да поскапи. - Работници на МЕПСО (Фото: СДК.МК)

    Во период од една година, сметајќи од 1 јули, данокот на додадена вредност за промет и увоз на електричната енергија за домаќинствата ќе биде 5 отсто. Владата на денешната седница го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, според кој ДДВ-то на струјата се намалува од 18 на отсто.

    Според овие предлог измени, за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година, пак, даночната стапка за ДДВ за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата ќе изнесува 10 проценти. По 1 јули 2023 година, даночната стапка ќе се врати повторно на 18 проценти.

    „Целта на овие измени и дополнувања на Законот за ДДВ е со пониски цени на електричната енергија да им се помогне на домаќинствата со намалување на нивните трошоци“, вели Владата.

    Минатиот месец, премиерот Зоран Заев рече дека инвестициите во обновливи избори на енергија ќе ги чинат граѓаните, но дека годинава не очекува струјата да поскапи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира