СЕ ОТВОРИ ПАТОТ ВРХОВНИОТ СУД ДА ГО ОСЛОБОДИ ОД ПРИТВОР ИЗБЕГАНИОТ СЕАД КОЧАН ОСОМНИЧЕН ОД СЈО

    СЕ ОТВОРИ ПАТОТ ВРХОВНИОТ СУД ДА ГО ОСЛОБОДИ ОД ПРИТВОР ИЗБЕГАНИОТ СЕАД КОЧАН ОСОМНИЧЕН ОД СЈОКривичниот совет на Врховниот суд под водство на претседателот Јово Вангеловски има одврзани раце да одлучува за укинување на притворот на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан во случајот „Труст“ на СЈО, оти на општата седница судот не донесе одлука обвинителот Марко Зврлевски да не се меша во предметите на СЈО (Фото: Ѓ. Личовски)

    Петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд под водство на претседателот Јово Вангеловски има одврзани раце да одлучува за укинување на притворот на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), кој избега од Македонија откако му беше одреден притвор. Општата седница на Врховниот суд не донела одлука обвинителот Марко Зврлевски да не се меша во предметите на СЈО. Останува можноста Зврлевски да поднесува Барање за заштита на законитоста (БЗЗ) за предметите што ги води СЈО, како што е поднесокот за укинувањето на притворот на Кочан.

    „Сега нема пречки Кривичниот совет на Врховниот суд чиј претседател сум јас да одлучува за БЗЗ на Јавниот обвинител на РМ за случајот Кочан“, потврди Вангеловски на брифинг со новинарите.

    За утеха, и СЈО ќе може да поднесува БЗЗ до Врховниот суд, но само за предметите што ги води. Зврлевски ќе може и за своите, и за предметите на СЈО.

    На новинарско прашање дали Зврлевски отсега ќе го контролира СЈО, Вангеловски негираше, и посочи дека таа можност Јавниот обвинител на РМ да може единствено да го користи овој вонреден правен лек, ја пишува во Законот за кривична постапка и тоа е така сѐ уште.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира