СЕ ПРОДАВА ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „РАМСТОР“ И ЛАНЕЦОТ МАРКЕТИ, ГИ КУПУВА „СИТИ ПЛАЗА“ НА АЈДОВАН АДЕМОВСКИ

    СЕ ПРОДАВА ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „РАМСТОР“ И ЛАНЕЦОТ МАРКЕТИ, ГИ КУПУВА „СИТИ ПЛАЗА“ НА АЈДОВАН АДЕМОВСКИДосегашните сопственици „Мигрос Тиџарет” соопштија дека потпишан e преддговор со компанијата „Сити Плаза ДОО”. (Фото: К. Попов)

    Трговскиот центар „Рамстор“ и истоимениот ланец маркети се ставени на продажба, а ќе ги купи фирмата „Сити Плаза“ сопственост на Ајдован Адемовски. Досегашните сопственици „Мигрос Тиџарет” денеска соопштија дека потпишан e преддговор со компанијата „Сити Плаза ДОО” и во тек се преговорите во врска со потпишувањето на договорот за пренос на акциите.

    „Почнати се преговори за продажба на 100 отсто од акциите на подружницата „Рамсторе Бугарија ЕАД”, која поседува 99 отсто од акциите на „Рамстор Македонија” на компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје”, стои во соопштението на „Мигрос Тиџарет”.

    Фирмата „Сити Плаза ДОО” е сопственик на трговскиот центар „Капитол мол” и на хотелот „Хилтон” во Општина Аеродром. Ајдован Адемовски е претседател на Македонско-турска стопанска комора во Македонија (МАТТО) и почесен конзул на Турција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира