Германската канцеларка Ангела Меркел му го честиташе изборот на лидерот на СДСМ Зоран Заев за премиер и формирањето на нова влада.
„Се радувам што лично ќе се запознаеме на следната Конференција за Западен Балкан на 12 јули во Трст“, се вели во честитката на Меркел до премиерот Заев.
Германија решително ќе ја подржи Македонија во заложбите за влез во НАТО и на ЕУ.
„Сојузна Република Германија со задоволство ќе Ве поддржи во Вашите заложби“, додаде Меркел во честитката.