СЕ СОБРАА 118 ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО, ТАЧИ И ИВАНОВ НЕ ДОЈДОА НА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ СОБРАА 118 ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕТО, ТАЧИ И ИВАНОВ НЕ ДОЈДОА НА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА

    Од вкупно 120 пратеници кои освоија мандати на предвремените парламентарни избори на 11 декември годинава, на денешната конститутивна седница не дојдоа само пратениците од ДПА – екслидерот Мендух Тачи и потпретседателот на партијата Бардуљ Мамути. На седницата присуствуваа сите поканети гости, врвот во судството, обвинителството и верските поглавари, а не дојде само претседателот Ѓорге Иванов.
    На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК, која е причината што не присуствува Иванов денеска, на конституирањето на деветтиот парлементарен состав во Македонија, од неговиот кабинет сè уште не одговараат .
    Мендух Тачи за попладнево во Тетово најави брифинг со новинарите, на кој се очекува да го појасни отсуството.
    Новиот собраниски состав сè уште не е конституиран, се очекува тоа да се случи по паузата на која процедурите за верификација на 120-те пратеници треба да ги обави петчлената Верификациона комисија.
    Седницата ја свика бившиот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, на што во име на пратениците од СДСМ и коалицијата Оливер Спасовски реагираше процедурално, бидејќи, како што рече, ова е кршење на досегашната пракса на седниците за конституирањето на новиот Парламент. Според Спасовски, неа требаше да ја свика најстариот пратеник од новиот состав, а Вељаноски, место да покажува силеџиство, рече Спасовски, требаше да го дозволи тоа, како што постапил претходно во 2014 и во 2011 година.
    На оваа забелешка Вељаноски одговори дека треба да се следи Деловникот на Собранието, а не праксата, бидејќи тој има поголема тежина од неа, а вели дека седницата треба да ја свика претходниот претседател на Собранието, а ако не ја свика, тогаш тоа да го стори најстариот меѓу пратениците.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира