СЕ УКИНУВА ПРЕВОЗОТ ОД И ДО КУМАНОВО И СЕ ЗАТВОРААТ ПРОДАВНИЦИТЕ ВО ПОЛУЗАТВОРЕНИ ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    СЕ УКИНУВА ПРЕВОЗОТ ОД И ДО КУМАНОВО И СЕ ЗАТВОРААТ ПРОДАВНИЦИТЕ ВО ПОЛУЗАТВОРЕНИ ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕНовозаболени од Куманово се пет лица, од кои двајца се доктори и една е медицинска сестра. Ургентниот центар во кумановската болница (Фото: СДК.МК)

    Се укинува меѓуградскиот превоз од и до Куманово, се укинува градскиот превоз и се затвораат сите продавници кои се наоѓаат во полузатворените трговски центри во Куманово, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

    „На седница на Владата донесовме одлука Институтот за јавно здравје да започне со поинтезивна работа во кумановскиот регион. Сметаме дека со овие мерки има сериозна шанса да се спречи патот на ширење на вирусот“, кажа Филипче.

    Во Куманово до 12 часот вкупно се регистрирани осум заразени лица од коронавирус, од кои едно е починато. Пред два дена почина 57-годишна жена, откако претходно имала два негативни теста, а на Инфективната клиника во Скопје е хоспитализиран нејзиниот син.

    Филипче кажа дека новозаболени од Куманово се пет лица, од кои двајца се доктори и една е медицинска сестра.

    Детално е анализирано семејството на починатата кумановка и засега никој не нема симптоми на КОВИД-19. Министерот кажа дека се земени 63 бриса од медицинскиот персонал и семејството, и согласно резултатите ќе се направи план за изолација.

    Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира