СЕ ВРАЌААТ ВЛАДИНИТЕ РЕКЛАМИ

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕ  ВРАЌААТ ВЛАДИНИТЕ РЕКЛАМИ

    Владините реклами ќе се вратат откако Собранието денеска ќе ги изгласа измените од Изборниот законик за да се избрише членот со кој изборите беа закажани за 5 јуни.

    Со измените се укинува  член 83 од Изборниот законик, со кој до денот на одржувањето на изборите „радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (Интернет порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања“.

    Законодавно-правната комисија на Собранието ги усвои измените на Изборниот законик предложени од пратеникот на ДУИ Талат Џафери и сега предлогот ќе оди гласање на собраниска седница која само што почна, по паузата дадена до 18 часот. Расправата по предлог измените е во тек.

    Според предлогот на Џафери, „со предложените решенија во Изборниот законик нема да се предвиди точниот датум на одржување на предвремените избори на пратеници“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари