СЕДНИЦАТА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА СЈО ПРОДОЛЖИ СО КАВГА МЕЃУ ЈАНЕВА И ПРАТЕНИЦИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕДНИЦАТА ЗА ИЗВЕШТАЈОТ НА СЈО ПРОДОЛЖИ СО КАВГА МЕЃУ ЈАНЕВА И ПРАТЕНИЦИТЕ

    Седницата на собраниската Комисија за политички систем на која се расправа за шестмесечниот извештај за работата на СЈО само што продолжи по попладневната пауза беше прекината со уште една пауза да се смират страстите, јави репортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    По паузата, прва зеде збор пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, на која претходно специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ѝ ја предаде лично нејзината иницијатива за измена на Законот за заштита на сведоци. Јакимовска ѝ порача на Јанева дека не е професионална и како доказ за тоа посочи дека еден од поднесените обвинителни предлози на СЈО денеска беше вратен од Судот поради нецелосна документација.

    По излагањето на Јакимовска, Јанева рече дека ѝ било кажано од некои од пратениците дека не мора да одговара на сите прашања. На тоа, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лешковска искоментира дека Јанева покажала непочитување и побара од неа да покаже почит кон, како што ги нарече Јанева, нелегитимните пратеници, бидејќи тие ја изгласале, ја поддржуваат и ќе ја поддржуваат ако си ја работи работата како што треба.

    Пратеничката Роза Топузовска Каревска потоа даде предлог се испразни редот зад Јанева, бидејќи, како што кажа, тие влијаеле на специјалната обвинителката, што предизвика бурни реакции во салата, по што беше одредена пауза.

    По паузата, седницата продолжи и треба да трае до 23 часот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира