СЕДНИЦИТЕ НА УСТАВЕН СУД ЌЕ СЕ ЕМИТУВААТ ВО ЖИВО ЗА ДА ЈА ВРАТИМЕ ДОВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО СУДСТВОТО, РЕЧЕ НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ КОСТАДИНОВСКИ

    СЕДНИЦИТЕ НА УСТАВЕН СУД ЌЕ СЕ ЕМИТУВААТ ВО ЖИВО ЗА ДА ЈА ВРАТИМЕ ДОВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО СУДСТВОТО, РЕЧЕ НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ КОСТАДИНОВСКИКостадиновски кажа дека преку интервенции во Уставот ќе бара измени на Законот за Уставен суд, бидејќи од 1991 кога е донесен првиот Устав, овој суд е најнереформираната институција во државата. (Фото: Принтскрин од видео на МИА)

    Враќање на довербата на граѓаните во правниот систем ќе биде приоритет во работата на новиот претседател на Уставен суд Дарко Костадиновски, најави тој денеска на својата прва прес-конференција.  Кажа дека во моментов довербата  во правната држава е на историско ниско ниво и затоа тој ќе се залага тоа да се поправи.

    За остварување на тој приоритет неопходни се неколку чекори. Прв чекор е бескомпромисноста во обезбедување на независноста и самостојноста на Уставен суд, како и мојата бескомпромисност во обидите за било какви политички влијанија. Ќе предложам седници на Уставен суд да се снимаат и да се емитуваат во живо. Во други земји не се снимаат и не се пренесуваат во живо, но во тие земји немаме девастирано владеење на правото како кај нас. За да се врати довербата на граѓаните потребни се похрабри и одлучни чекори“, рече Костадиновски, кој беше избран на 4 јуни.

    Костадиновски кажа дека преку интервенции во Уставот ќе бара измени на Законот за Уставен суд, бидејќи од 1991 кога е донесен првиот Устав, Уставниот суд е најнереформираната институција во државата.

    Костадиновски беше избран за нов претседател на Уставен суд на 4 јуни по над 10 круга гласање. Тој доби мнозинство од гласовите, а противкандидат му беше колегата Осман Кадриу. Претходно се тркаа Тања Васиќ-Бозаџиева, Ана Павловска-Данева, но откако не добија доволно (6) гласови од вкупно 9-те уставни судии, беше предложен Костадиновски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира