УШТЕ СЕДУМ БЕБИЊА СЕ В БОЛНИЦА ПОРАДИ ГОЛЕМА КАШЛИЦА, ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗА 67 ОТСТО Е ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ

    УШТЕ СЕДУМ БЕБИЊА СЕ В БОЛНИЦА ПОРАДИ ГОЛЕМА КАШЛИЦА, ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ЗА 67 ОТСТО Е ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИВо Скопје од 18 јануари до 21 март вакцинирани се 18.138 деца. (Фото: К. Попов)

    Седумдесет и два нови случаи на заболени од голема кашлица се регистрирани од 15 до 21 март, со 67 зголемување споредено со претходниот седмодневен период (43), стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Заклучно до 21 март, во земјава се регистрирани 287 случаи на голема кашлица.

    Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје (58), а пријавени се случаи и во Куманово (7), Битола (4), Тетово (1), Дебар (1) и Струга (1). Возраста на заболените се движи од 0 до 44 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години (25). Од новите 72 случаи, 9 случаи (12,5%) се хоспитализирани (7 деца на возраст под 1 година, и по едно лице од возрасната група од 15-19 години и 20-29 години).

    Од вкупниот број заболени 287, најголем број лица живеат во Скопје – 247 (86,1%) со зафаќање на петнаесет различни општини, 12 лица живеат во Куманово, 11 лица се од Тетово, во Битола 6, Гостивар три, по два во Дебар и Струга и по еден случај е регистриран од Струмица, Крива Паланка, Кавадарци и Кочани.

    Заболените лица се на возраст од 1 месец до 78 години (медијана 11,9 години). Најголем број заболени припаѓаат на возрасната група од 10-14 години (27,5%), потоа се децата на возраст до 4 години (25,4%), односно 41 случај (14,3%) припаѓаат на возрасната група под 1 година, а 32 (11,1%) се деца на возраст од 1 до 4 години.

    Од вкупниот број на регистрирани случаи (287), 157 случаи (односно 54,7%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани (n=107), просечно поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 12,6 години.

    Од заболените, 44 лица (15,3%) се хоспитализирани, и тоа 38 (86,1%) од нив се на возраст до 4 години.

    Во однос на вакицинацијата за Скопје, вкупниот број на дози вакцина која содржи компонента против голема кашлица, дадени како примовакцинација (прва, втора, трета доза) или ревакцинација (прва, втора ревакцина) на територија на Скопје во периодот од 18 јануари до 21 март изнесува 18.138. Во државата, без Скопје, вакцинирани се 14.483 деца.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира