СЕДУМНАЕСЕТ ГЛАСАЧИ ОД ПУСТЕЦ КУПИЛЕ ИМОТ НА ИСТА АДРЕСА ВО РЕСЕН

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:375:"ВоДИКвелатдекаОбвинителствототребадапроверикоибилемотивитенагласачитеодПустецдаимсеобезбедуваатдополнителноимотнилистови,откакобеапријавенидекаживеатдестицилуѓенаистаадреса";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕДУМНАЕСЕТ ГЛАСАЧИ ОД ПУСТЕЦ КУПИЛЕ ИМОТ НА ИСТА АДРЕСА ВО РЕСЕН

    Седумнаесет жени и мажи од Пустец живеат на иста адреса, улица 29 ноември 116 во Ресен. Тие се уште стојат во Избирачкиот список и не се избришани по вкрстените, теренските и административните проверки што беа обавени минатиот месец.

    Извори од државната изборна комисија за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека целосно се избришани само гласачите од Пустец од адресите во општина Центар, а дека во Ресен работата е само делумно завршена. Дел од овие граѓани на Пустец, Албанија, на кои пред локалните избори во 2013 година МВР им печатело лични карти на исти адреси во Ресен, за да може да гласаат на избирачките места кај што фалеле гласови на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за победа, во меѓувреме обезбедиле имотни листови.

    “И да се 17, па и 30 на иста адреса, тие засега остануваат во Избирачкиот список, ако обезбедиле имотни листови. Истрагата дали законски им се давани имотни листови на толкава цифра луѓе во ист стан, дали е реално можно тие да живеат на толку мал простор и кои биле мотивите да им се обезбедуваат сега дополнително имотни листови, откако беа фатени дестици луѓе на иста адреса, е работа на Обвинителството“, објаснуваат во ДИК.

    Во моментов дел од членовите на ДИК интензивно прават архиви од вакви примери на повеќе граѓани од Пустец впишани на иста адреса, како и за други неправилности по кои трагаат со проверка во апликацијата, но и по пријави на граѓани и на политички партии за неправилности во Избирачкиот список.

    Проверката ја извршивме преку апликацијата за проверка на Избирачкиот список, која беше еднаш пуштена, па кога граѓаните почнаа масовно да пријавуваат неправилности во списокот со гласачи, Дирекцијата за заштита на податоците, ја затвори. Потоа, Управниот суд донесе одлука тоа решение на Дирекцијата да се поништи како незаконско и од пред извесно време, апликацијата пак е отворена и достапна на веб-страната на ДИК.

    Дирекцијата за заштита на личните податоци го сопре масовното пријавување нерегуларности од граѓаните баш во ударната фаза. Мнозинството во ДИК (ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и независните експерти Атанас Урумов и Реџеп Прекопуца), додека списокот беше затворен за увид, блокиран, набрзина ги истераа административната и теренската проверка како кристално чисти, изгласаа дека нема неправилности во Избирачкиот список, дека треба да се избришат само две-три илјади починати гласачи, дека треба дури и дополнително да се впишат илјадници полнолетни гласачи, за на крајот да заклучат дека “Македонија треба да се гордее со ваков Избирачки список, без дамка“.

    За два – три дена ќе има втор работен состанок на членови на ДИК со претставници на политичките партии, за да се најде решение што ќе се прави со трите групи спорни гласачи во Избирачкиот список, меѓу кои има и 71.000 впишани избирачи, за кои, како што изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК претседателот на ДИК Александар Чичаковски, нема никаква евиденција и трага во базите. Чичаковски останува на тврдењето дека овојпат, партиите и членовите на ДИК делегирани од партиите, имаат волја да се реши проблемот во Избирачкиот список со овие три категории на сомнителни гласачи и оти таа тема наскоро ќе биде затворена.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари