СЕКОЈА ДОНАЦИЈА Е ВАЖНА, БЕЗ ОГЛЕД КОЛКУ Е МАЛА ИЛИ ГОЛЕМА, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 16-ГОДИШНИНАТА ОД 9/11

    СЕКОЈА ДОНАЦИЈА Е ВАЖНА, БЕЗ ОГЛЕД КОЛКУ Е МАЛА ИЛИ ГОЛЕМА, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 16-ГОДИШНИНАТА ОД 9/11„Секоја донација е важна, без оглед колку е мала или голема“, рече американскиот амбасадаот Џес Бејли. (Фото:О.Теофиловски)

    Крв, конзервирана храна и зачувана облека денес се дарува во амбасадата на САД, со што се одбележува Националниот ден на служба, кој е воспоставен во 2002 година во чест на сеќавање на жртвите, преживеаните и сите оние што помогнаа со справување со последиците терористичките напади на 11 септември 2001.

    Хуманитарната акција ќе трае до 16 часот, а крв, облека и храна ќе може да се донира и во американските катчиња во пет града во земјава.
    „Оваа акција ја организираме деветта година по ред и имаме се поголема поддршка од населението. Лани постигнавме рекорд во собирање крв, и се надевам дека годинава ќе го урнеме тој рекорд. Сите што сакаат да донираат тоа можат да го направат до 16 часот, бидејќи секоја донација е важна, без оглед колку е мала или голема“, рече американскиот амбасадаот Џес Бејли, кој и самиот донираше крв.

    Во хуманитарната акција се вклучија и дел од македонските политичари, припадници на АРМ и полицијата, како и пожарникари од ‚аир.
    „Им благодарам за големата поддршка на сите. Министерот за внатрешни работи во моментов дарува крв, а тука е и министерката за труд и социјална политика. ова е најдобар начин да се спомнат оние што ги изгубивме, со тоа што ќе им помогнеме на оние на кои им е тоа потребно“, рече Бејли.
    Хуманитарната акција американската амбасада ја организира во соработка со заедно со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира