СЕЛА И ГАШИ ПОБАРАА ЕУ ДА НЕ ГО ПРИЗНАЕ ДУИ КАКО ЛЕГИТИМЕН ПРЕТСТАВНИК НА АЛБАНЦИТЕ

    СЕЛА И ГАШИ ПОБАРАА ЕУ ДА НЕ ГО ПРИЗНАЕ ДУИ КАКО ЛЕГИТИМЕН ПРЕТСТАВНИК НА АЛБАНЦИТЕКоалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива освои 12 пратенички мандат на предвремените парламентарни избори на 15 јули, три помалку од ДУИ. - Зијадин Села и Африм Гаши на денешниот „Марш за демократија“ (Фото: К. Попов)

    Коалиционите партнери Алијанса за Албанците и Алтернатива на денешниот „Марш за демократија“, кој заврши пред канцеларијата на ЕУ во Скопје побараа од земјите членки на ЕУ да не ја признаат легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик.

    Според лидерите на двете партии, Зијадин Села и Африм Гаши, ДУИ не е победник на овие избори, туку е арамија на албанската политичка волја и никогаш нема да има легитимност за застапување на Албанците во земјава.

    „Бараме од земјите на Европската унија, да се осуди злоупотребата на правото на глас и да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците во Северна Македонија, како и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик за идните избори“, беше кажано на маршот.

    Организаторите на маршот велат дека на изборите на 15 јули имало купување гласови, рекетирање гласачи, корупција, заплашување, узурпација на слободата на избор, гласање за луѓе кои не се тука, злоупотреба на записници и други манипулации со правото на глас и тоа се сигнали дека албанското општество во Северна Македонија е заробено од каста мафијаши.

    Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива освои 12 пратенички мандат на предвремените парламентарни избори на 15 јули, три помалку од ДУИ.

    Маршот почна од паркот Чаир,помина покрај Владата и заврши пред канцелариите на Делегацијата на ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира