СЕМЕЈСТВОТО МОМИРОВСКИ ОД АВСТРАЛИЈА ДОНИРАШЕ ОПРЕМА ОД 23.000 ЕВРА НА ДЕТСКА КЛИНИКА

    СЕМЕЈСТВОТО МОМИРОВСКИ ОД АВСТРАЛИЈА ДОНИРАШЕ ОПРЕМА ОД 23.000 ЕВРА НА ДЕТСКА КЛИНИКАСемејството Момировски денеска доби благодарница од Детската клиника за донацијата. (Фото: СДК.МК)

    Донација во опрема во вредност од 23.000 евра доби Клиниката за детски болести од семејството Момировски, кое живее во Австралија. Опрема за дијагностика и точно дозирање на терапијата кај децата е за одделот за гастроентерохепатологија, каде и била откриен хепатален синдром на Марија Момировска, на која потоа и е направена трансплантација на црн дроб во Австралија.

    Семејството Момировски во знак на благодарност донира опрема, за која како што рекоа донации се собрани од македонската заедница во Австралија. Слабоста на црниот дроб пропратена со жолтица, кај Марија е дијагностицирана на двомесечна возраст, кога нејзиното семејство било дојдено на одмор во Македонија.

    „Голема благодарност до ова семејство. Дел од опремата е стигната, а дел ја очекуваме”, рече д-р Ацо Костовски од Детска клиника.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира