СЕНАТОТ ЈА ПОТВРДИ НОВАТА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА КЕЈТ МАРИ БРНС

    СЕНАТОТ ЈА ПОТВРДИ НОВАТА АМЕРИКАНСКА АМБАСАДОРКА КЕЈТ МАРИ БРНСКејт Мари Брнс e дипломат од кариера и досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина, каде што дојде во септември 2017 (Фото: Стејт департмент на САД)

    Сенатот на САД ја потврди Кејт Мари Брнс за нова амбасадорка во Северна Македонија на вчерашното гласање, објавено е на официјлната веб страна на Конгресот.

    Брнс e дипломат од кариера и досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Атина, каде што дојде во септември 2017. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена. Досегашниот американски амбасадор во Скопје Џес Бејли беше потврден во Сенатот во декември 2014, а си замина од функцијата во февруари годинава.

    На претходното сослушување во Сенатот, Брнс кажа дека работата на амбасадата ќе се фокусира на три области: ќе промовира стабилност низ силни институции, ќе работи на зајакнување на безбедноста преку партнерство и ќе работи на поттикнување на просперитетот преку позитивно влијание.

    Сè уште не е познато кога новата амбасадорка на САД ќе дојде на должноста во амбасадата во Скопје.

    На претходното сослушување во Сенатот, Брнс рече дека со Договорот од Преспа политичките лидери на Северна Македонија и Грција надминаа тешки историски прашања и неговата целосна имплементација е клучна за регионот. Во воведот, таа рече дека странски актери со лоши намери работат против напредокот во обид да ја поткопаат иднината на земјата.

    „Северна Македонија ќе напредува со унапредување на човековите права, инклузија на различностите, слобода на медиумите и отворен пазар“, рече Брнс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира