ВЛЕГУВАМЕ ВО НАТО НА 17 МАРТ – И ПОКРАЈ КОРОНАВИРУСОТ СЕНАТОТ НА ШПАНИЈА ЌЕ СЕ СОСТАНЕ САМО ЗА ДА ГО РАТИФИКУВА ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА

    ВЛЕГУВАМЕ ВО НАТО НА 17 МАРТ – И ПОКРАЈ КОРОНАВИРУСОТ СЕНАТОТ НА ШПАНИЈА ЌЕ СЕ СОСТАНЕ САМО ЗА ДА ГО РАТИФИКУВА ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈАНикола Димитров со шпанската министерка за надворешни работи ЕУ и соработка Аранча Гонзалес Лаја . (Фото: МНР)

    Сенатот на Шпанија на 17 март ќе одржи седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров.

    Шпанија е последната земја што треба да го ратификува Протоколот, со што Македонија и официјално ќе стане 30. членка на НАТО.

    „И покрај кризата околу коронавирусот и суспендирањето на сите други активности, Сенатот на Шпанија пред малку одлучи на 17 март да одржи пленарна седница со единствена точка на дневен ред: Ратификација на Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО“, напиша Димитров.

    Долниот дом на шпанскиот парламент го ратификуваше Протоколот на 27 февруари.

    Парламентот во понеделникот донесе одлука да биде затворен една недела поради коронавирусот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира