Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека економијата полека, но сигурно закрепнува и дека сериозно се приближуваме до просечна плата од 500 евра.
Просечна плата од 500 евра беше предизборно ветување на СДСМ во 2016 година, а во декември минатата година, на настанот 100 дена од старо-новата влада, премиерот Зоран Заев вети дека до крајот на мандатот просечната плата ќе биде 34 илјади денари.
Во месец април годинава, според Државниот завод за статистика, просечната плата изнесувала 28.438, или околу 460 евра.
„Според податоците од Државниот завод за статистика, вкупно вработени се 793.121 лице, додека стапката на невработеност е стабилна и изнесува 16%. Просечната нето плата во април 2021 година изнесува 28.438 денари или над 10% повеќе во однос на април 2020 година и веќе сериозно се доближуваме до просечната плата од 500 евра. Буџетските приходи се во рамки на проекцијата се уште еден доказ дека економијата полека, но сигурно закрепнува“, изјави Битиќи на прес-конференцијата за промоција на кредитната линија „Ковид 4“