СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ПРОДОЛЖИ СО РЕФОРМИТЕ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, КАЖА СТЈУАРТ ПИЧ, СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК НА БРИТАНИЈА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

    СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ДА ПРОДОЛЖИ СО РЕФОРМИТЕ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, КАЖА СТЈУАРТ ПИЧ, СПЕЦИЈАЛЕН ПРЕТСТАВНИК НА БРИТАНИЈА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАНОд средбата на специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Стјуарт Пич со премиерот Димитар Ковачевски. (Фото: Британска амбасада)

    Велика Британија верува дека е клучно Северна Македонија да остане посветена на спроведување на својата реформска агенда, особено на реформите во областа на владеење на правото, доброто управување, човековите права и заштита на малцинствата, кажа во видеообраќање Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, кој е во дводневна посета на Македонија. Тој вели дека овие реформи се неопходни за напредок кон пристапување на ЕУ.

    „Западниот Балкан е од клучно значење во визијата на Обединетото Кралство за градење на европската безбедносна и економска мрежа. Ние продолжуваме да работиме со нашите партнери во Северна Македонија и во регионот на зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето на криминалот и корупцијата. Обединетото Кралство силно ја поддржува евроатлантската интегрaција на земјите од Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија. Веруваме дека е клучно Северна Македонија да остане посветена на спроведување на својата реформска агенда особено на реформите во областа на владеење на правото, доброто управување, човековите права и заштита на малцинствата“, кажа Пич.

    Специјалниот пратеник на Велика Британија кажа дека на средбите со регионалните лидери, министрите на Обединетото Кралство го охрабруваат решaвањeтo на прашањата меѓу Северна Македонија и Бугарија.

    „Ние го поздравуваме ангажманот на Северна Македонија и Бугарија за решавање на овие прашања, бидејќи тоа ќе ѝ помогне на Северна Македонија да продолжи по својата евроатлантска траекторија без одложување“, вели Пич.

    Тој се сретна со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и претставници на опозицијата, но, како што кажа тој, најважно е што се сретнал со млади луѓе, со цел да ја реафирмира посветеноста на Обединетото Кралство кон Северна Македонија и регионот и да ги слушне нивните ставови.

    Како поранешен претседател на Воениот комитет на НАТО рече дека му е особено мило што Северна Македонија прослави една година од приемот во НАТО во март 2021 година и есента формално го заврши процесот на интеграција.

    „Обединетото Кралство има силна билатерално партнерство со Северна Македонија уште откако воспоставивме дипломатски односи пред 28 години и ќе продолжиме да го градиме и зајакнуваме нашето пријателство“, рече Пич, и најави дека повторно ќе дојде наскоро.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира