ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЈА ОБОИ И ЗГРАДАТА НА МРТВ ЗА СЛОБОДНО НОВИНАРСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЈА ОБОИ И ЗГРАДАТА НА МРТВ ЗА СЛОБОДНО НОВИНАРСТВО

    Со фрлање балони со боја врз зградата на Македонското радио привршува протестот на антивладините демонстранти во Скопје, јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Демонстрантите од Шарената револуција пред зградата Македонска радио телевизија (МРТВ) побараа на новинарите од јавниот дифузен сервис да им се дозволи да известуваат професионално и непристрасно. Тие скандираа „Слободни медиуми“, додека на звучник ечеа прислушуваните разговори од бомбите во кои се слуша како се местеле кадрите во Македонската телевизија.

    Со повиците „Дојдете со нас“ и со аплауз, демонстрантите ги поздравија полицајците и им го честитаа Денот на полицијата.

    Претставниците на „Достоинство“ повикаа на едноминутен молк за сите загинати бранители на Македонија.

    Белизе Бенд настапи пред МРТВ со обработка на песна „Каде и да одиш, каде и да шеташ, арамија да си„ (Фото: СДК.МК)

    Белизе Бенд настапи пред МРТВ со обработка на песна „Каде и да одиш, каде и да шеташ, арамија да си„ (Фото: СДК.МК)

    Мотото на вечерашниот протест беше: Смрт за режимот, слобода за МРТВ.

    Во Скопје околу 18 часот врнеше многу дожд, но како што маршот се движеше од пред седиштето на СЈО низ центарот на Скопје, на демонстрантите им се придружија повеќе граѓани. Патем беа фрлени неколку балони со боја на оградата на мостот Слобода која чинеше над милион евра.

    На чело на колоната возеше кола со звучници од кои се пуштаа италијанската револуционерна песна „Бела чао“, македонската песна „Неправда“ од легендарната група Лева патика и македонската химна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари