ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЈА ОСВОИ СО БОЈА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА

a:1:{s:13:"td_source_url";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЈА ОСВОИ СО БОЈА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА

    Антивладините демонстранти вечерва ја обоија зградата каде што е сместена Антикорупциската комисија во близина на Собранието на Македонија. Пет-шест девојки со чадори ги штитеа полицајците кои стоеја пред влезот, за да ги заштитат од боите, затоа што, како што рекоа, бојата не е наменета за полицијата, туку за корумпираната власт.

    Пред тоа стотици шарени балони летнаа  носејќи ја сликата на Никола Груевски кон небото, на демонстрациите пред Собранието на Македонија, во близина на седиштето на Антикорупциската комисија во Скопје.

    Граѓаните викаат: „Да одлета Грујо, како што одлетаа балоните“. Еден балон се закачи на жица што предизвика еуфорија и смеење меѓу присутните, јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Организаторите донесоа и голема картонска машина за перење пари. Таа беше поставена на еден постамент во Паркот на жената борец, како споменик за корумпираната Влада.

    Се пуштаат снимките од бомбите за наводната провизија од кинеските кредити за автопатиштата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари