ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА УТРЕ НА ПРОТЕСТ ЗА ЗАШТИТА НА ГТЦ И МОБ ОД БАРОК

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:365:"Борбатасеокрупнува,порача„Шаренареволуција“,а„ГосакамГТЦ“повиканаборбаодулица,откакоВладатагипрогласиГТЦ,МОБиНУБзаобјектиодпосебенинтересзадаможедагипреправивобарок";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА УТРЕ НА ПРОТЕСТ ЗА ЗАШТИТА НА ГТЦ И МОБ ОД БАРОК

    Граѓанските движења „Го сакам ГТЦ“ и „Шарена револуција“ повикуваат на заеднички протест утре пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за спас на ГТЦ, на МОБ и на НУБ “Св. Климент Охридски“  од барок. Борбата се окрупнува, порача „Шарена револуција“, а „Го сакам ГТЦ“ повика на борба од улица.

    „Со оваа Влада нема разбирање, а Скопје 2014 може да се спречи само ако Владата падне. Затоа ги повикуваме сите наши поддржувачи да се приклучат на протестот во среда на Шарената револуција. Покрај правда и слобода, од улица да се избориме и за нашиот ГТЦ“, стои во повикот на граѓанското движење „Го сакам ГТЦ“.

    Оттаму велат дека повикот за борба на улица дошол откако многумина од нив побарале реакција за новата најава за барокизирање на ГТЦ.

    „Досега пробавме се за да го заштитиме нашиот сакан ГТЦ. Го гушкавме, го браневме, му пеевме песни, правевме едукативни прошетки, издававме книги, обединивме стручна и општа јавност за негово зачувување. Што е најважно, минатата година организиравме референдум каде ГТЦ доби повеќе гласови од кој било политичар или партија претходно. Сепак, со инаетот на Владата не може да се натпреваруваме. Во услови кога Триумфална порта се смета за културно наследство, а се притвораат активисти што ја шараат, како треба да реагираме на очигледноста на изиграните закони? Како системското уништување на еден град не е поголем вандализам од фрлањето боја?“, стои во повикот за протест на  движењето „Го сакам ГТЦ“.

    Тие повикаа на протест пред СЈО оти сметаат дека оваа Влада е целосно исклучена од реалноста. Дента кога ЕУ ги блокираше ИПА фондовите и блокираше големи инфраструктурни проекти како автопатот кај Демир Капија и пругата кон Бугарија, тие ги одземаа надлежностите на Општина Центар за да потрошат нови десетици милиони евра за уништување на културно наследство, нагласуваат од движењето.

    Од здружението најавија дека ја разгледуваат можноста да ги обжалат на Уставен суд одлуките на Владата од почетокот на овој месец, со кои ГТЦ, МОБ и НУБ се прогласуваат за објекти од посебен интерес заради изработка на планско-урбанистичка документација за нив. Со оваа постапка се отстранува и последната пречка за преслекување во барок на овие објекти – Општина Центар оти градоначалникот Андреј Жерновски најави дека нема да дозволи ширење на барокот. Со статусот објекти од посебен интерес, за ови објекти Општината нема никакви ингеренции. Плановите за нив ги прави државната Агенција за планирање на просторот, документацијата ја подготвува Министерството за транспорт и врски, а одобренијата за градење, место Општината и Градот, ги издава само Град Скопје.

    „На ГТЦ му ја тргнаа заштитата како културно наследство во 2012 година за сега да го прогласат за објект од посебен интерес што јасно укажува дека се работи за груба манипулација. Статусот културно наследство е многу позначаен од објект од посебен интерес, токму затоа ги разгледуваме можностите и формите за да поведеме иницијатива пред Уставниот суд за понуштување на овие одлуки“, вели Даница Павловска од граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“.

    Нови мерки против барокот за ГТЦ, МОБ и НУБ најавија и Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Општина Центар.

    Барокот за ГТЦ го осмислија Жарко Чаушевски и Филип Богатинов. Според нивниот проект трговскиот би се надградил за уште еден кат, би се затворил од сите страни и би се направиле влезови со антички столбови, а  на покривот предвидени се три куполи како оние на Собранието и скулптури.

    За барок на МОБ и на Универзитетска библиотека се уште нема проекти, но и за нив Владата донесе одлука да се прогласат за објекти од посебен интерес заради изработка на урбанистичко-планска документција, терминологија зад која, според архитектите, се крие најавата за преслекување во барок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари