ШАРЕНО И УЈП ОТИ ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА 15 ЕВРА СЕКОЈА СЕКУНДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНО И УЈП ОТИ ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА 15 ЕВРА СЕКОЈА СЕКУНДА

    Со балони полни поликолор во различни бои и пушки на вода полни со боја, шарена стана и фасадата на Управата за јавни приходи. Антивладините демонстранти ја бојат фасадата, слушаат снимки од бомбите за трошењето на народните пари и извикуваат дека оваа власт ги задолжила и неродените.

    Шарената револуција го почна вечерашниот поход со транспаренти „Ограбената топла доаѓа“ и „Трошите за чоколади, а ние немаме ни за леб“. Прва станица на демонстрантите беше Министерството за труд и социјална политика на кое ставија налепници „Пломбирано“ и мирно продолжија покрај Собранието на Република Македонија до Управата за јавни приходи.

    Граѓанското движење „Протестирам“ вечерашните протести ги посветува на јавниот долг. Последниве седум години, според „Протестирам“, јавниот долг е двојно поголем од инвестициите. Организаторите го наведоа зголемувањето на јавниот долг во случај некому да му треба посебна причина за да излезат на протест.

    Шарената револуција го почна вечерашниот поход. Со транспаренти „Ограбената топла доаѓа“ и „Трошите за чоколади, а ние немаме ни за леб“ во моментов демонстрантите минуваат покрај Собранието на Република Македонија. Одат кон Управата за јавни приходи.

    Граѓанското движење „Протестирам“ вечерашните протести ги посветува на јавниот долг. Последниве седум години, според „Протестирам“, јавниот долг е двојно поголем од инвестициите. Организаторите го наведоа зголемувањето на јавниот долг во случај некому да му треба посебна причина за да излезат на протест.

    Јавниот долг за времето на оваа влада порасна за 2 и пол милијарди евра. Во последните 5 години, Владата се задолжува 15 евра секоја секунда, 52 илјади евра секој час, 1 милион и 250 илјади евра секој ден. Оваа влада го задолжи секое домаќинство во Македонија за 4455 евра, и секој од нас за 1240 евра. Овие бројки одовде само ќе растат. Со секој нивен ден на власт, ние сме се посиромашни и позадолжени“, напишаа оргнаизаторите на Фејсбук страницата.

    Движењето „Протестирам“ организира демонстрации ширум Македонија од 12 април. Демонстрантите бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари