ШЕСТ ЛИЦА ОД ДЕБАР СЕ ТЕСТИРААТ ЗА КОРОНАВИРУС, МЕЃУ КОИ ЕПИДЕМИОЛОГ И ЛАБОРАНТ

    ШЕСТ ЛИЦА ОД ДЕБАР СЕ ТЕСТИРААТ ЗА КОРОНАВИРУС, МЕЃУ КОИ ЕПИДЕМИОЛОГ И ЛАБОРАНТНа Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 12 лица со коронавирус, од кои 11 се од Дебар. (Фото: К. Попов)

    Шест лица од Дебар во моментов се тестираат за коронавирус, објави министерот за здравство Венко Филипче. На Инфективната клиника во Скопје се хоспиталиизрани 12 лица со коронавирус, од кои 11 се од Дебар. Првозаболената пациентка е целосно оздравена и ќе биде пуштена дома.

    Од нив, четворица кои имале контакт со заболените од Дебар.

    „Еден доктор епидемиолог и еден лабораториски техничар исто така од Дебар кои се без симптоми на коронавирус, но за кои е важно да направиме проверка на нивната здравствена состојба“, вели Филипче.

    За коронавирус се тестира и странец кој се пријавил преку Центарот за јавно здравје во Битола, а резулатите на сите ќе бидат познати за неколку часа.

    Армијата им помага на жителите на Дебар и Центар Жупа, откако вчера во овие две општини беше воведена кризна состојба. Претседателот Стево Пендаровски по препораките на Владата, синоќа издаде наредба Армијата да се вклучи во помош на локалната самоуправа, полицијата и Центарот за управување со кризи.

    АРМИЈАТА ВО ДЕБАР И ЦЕНТАР ЖУПА, НА ЖИТЕЛИТЕ ИМ Е ЗАБРАНЕТО ДА ГИ НАПУШТАТ ОПШТИНИТЕ

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира