ШЕСТ ЛИЦА ПОЧИНАА, 22 НОВИ ПОТВРДЕНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 362 ТЕСТИРАЊА

    ШЕСТ ЛИЦА ПОЧИНАА, 22 НОВИ ПОТВРДЕНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 362 ТЕСТИРАЊАВо изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Оздравени се 36 пациенти, шест лица починаа, а регистрирани се 22 нови случаи на коорнавирус во изминатите 24 часа, вели Министерството за здравство.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти во: Скопје-19, Куманово-1, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-1, Струга-1, Велес-3, Гостивар -2.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63-годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во Градската општа болница „8 Септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58-годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на КОВИД-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.

    Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Струга-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-2 и Неготино-1.

    Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.421, од кои 589 излечени, 71 починат и 761 активен.

    Последната дистрибуција по градови е следна:
    Скопје – 486
    Куманово – 378
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –143
    Тетово – 75
    Струга – 65
    Велес – 69
    Битола –19
    Охрид –15
    Кавадарци – 7
    Гостивар –17
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-5
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 28
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -5
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 1
    Валандово -1
    Виница – 2

    Направените 362 теста се преку: ИЈЗ –203, Ветеринарен факултет -8 , Авицена –11, Биотек –45, Филип Втори (Жан Митрев) –48, Систина со ПЦР метода -25 и МАНУ -22 . Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на ковид -19.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се 3 пациенти, 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска.
    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. Со потешка клиничка слика се 3 пациенти, а на респираторна машина вкупно 6.

    Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 8. Во Штип на болничко лекување има 2, а на домашно се следат уште 6 пациенти. На останатите инфективни одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на КОВИД -19.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира