ШИЛЕГОВ ЈА ОТКАЖА ПОСЕТАТА НА БУДИМПЕШТА ПОРАДИ БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ

    ШИЛЕГОВ ЈА ОТКАЖА ПОСЕТАТА НА БУДИМПЕШТА ПОРАДИ БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИГрадоначалникот Петре Шилегов и државниот министер за Европа во германското МНР Михаел Рот на засадувањето на гинкото пред Судска палата на 10 мај годинава. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска ја откажа работната посета на Будимпешта откако осудениот експремиер и пратеник Никола Груевски избега во унгарската престолнина и кажа дека побарал политички азил од тамошните власти, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Шилегов, заедно со директорите на јавните претпријатија, на 22 ноември имал закажано средба со градоначалникот на Будимпешта Иштван Тарлош и директори и раководители во тамошните градски претпријатија.

    Целта на средбата било да се разменат искуства од областа на урбанизмот, урбанистичкото планирање, јавниот превоз, подигнување на зеленило.

    Шилегов денеска на неговиот колега од Будимпешта му пишал дека ја откажува средбата по последните случувања, односно откако Груевски избега Будимпешта и од Унгарија бара азил.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари