ШВРГОВСКИ И БОШКОСКИ СЕ ИСПРАШУВАА ДАЛИ ЈА ПРОЧИТАЛЕ УРЕДБАТА ЗА АПСЕЊЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТОРТУРА“

    ШВРГОВСКИ И БОШКОСКИ СЕ ИСПРАШУВАА ДАЛИ ЈА ПРОЧИТАЛЕ УРЕДБАТА ЗА АПСЕЊЕ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ТОРТУРА“Адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, беше државен Јавен обвинител кога во 2011 година се апсеше Љубе Бошкоски. (Фото: СДК.МК)

    Адвокатот Љупчо Шврговски, кој беше државен Јавен обвинител кога во 2011 година се апсеше Љубе Бошкоски и кој потоа одлежа затворска казна, а сега го брани обвинетиот Сашо Мијалков во предметот на СЈО „Тортура“, на денешното судење го праша Бошкоски дали ја знае Уредбата за апсење.

    „Дали како поранешен министер за внатрешни работи сте ја прочитале, дали ја знаете Уредбата за апсење?“, го праша Шврговски сведокот и оштетен Бошкоски.

    „А вие дали како државен Јавен обвинител сте ја прочитале Уредбата за апсење?“, му врати Бошкоски без дозвола од судот.

    Претходно, тој му се обрати на Шврговски со „обвинителе“.

    Во „Тортура“, обвинети за нечовечко и сурово постапување при апсењето на Бошкоски во 2011 година, обвинет е ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, како нарачател на бруталното апсење, според обвинението на СЈО, како и уште петмина припадници на полициските „алфи“.

    Во моментов тече вкрстено испрашување на сведокот и оштетен Бошкоски. Судијката Александра Ристевска одби многу од приговорите на обвинителите од СЈО Љубомир Лапе и Гаврил Бубевски и ги дозволи повеќето од прашањата на бранителите на обвинетите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира