СИНОТ НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУДИЈА ЕНВЕР БЕЏЕТИ СО АМИН НА МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА ПОЛАГАЛ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ БЕЗ ДОВОЛНО СТАЖ, ПА СЕ ЗАПИШАЛ И ЗАВРШИЛ НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИ

    СИНОТ НА АПЕЛАЦИОНИОТ СУДИЈА ЕНВЕР БЕЏЕТИ СО АМИН НА МИНИСТЕР ЗА ПРАВДА ПОЛАГАЛ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ БЕЗ ДОВОЛНО СТАЖ, ПА СЕ ЗАПИШАЛ И ЗАВРШИЛ НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ОБВИНИТЕЛИЗавршени кандидати за судии и јавни обвинители од седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители во март 2023. (Фото: АСЈО)

    Синот на апелациониот судија Енвер Беџети, кого Судскиот совет го спаси од разрешување, полагал правосуден испит без да има доволно работен стаж како правник. Ваквото полагање на правосудниот испит му го овозможил министер за правда, беше кажано на денешната седница на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

    Станува збор за Јетмир Беџети, кој со таквиот правосуден испит потпишан во Министерството за правда, без проблем се запишал во седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), која мора да верува на печатот на Министерството за правда. Потоа дипломирал. Уште неколку вакви случаи има и во осмата генерација на Академијата.

    Неодамна Јетмир Беџети е избран за обвинител во Основното јавно обвинителство на Тетово.

    Антикорупциската комисија му наложила на Државниот просветен инспекторат, кој затаил низ годините и дозволил да се распоредат дипломирани студенти со недоволен број кредити низ институции и фирми низ државата, да изврши темелно пребарување во сите правни факултети на универзитетите. Задоцнетата потрага била за Инспекторатот да утврди дали има и други правни факултети издавале уверенија 7/1 со недоволни 180 кредити, како што правел во 400 случаи Штуловиот универзитет од Тетово.

    Таткото, судијата Енвер Беџети, е заштитен од Судскиот совет иако лани во декември го фати како држи во фиока 9 месеци предмет во кој е обвинет Сашо Мијалков, за да застари. Апелациониот судија Енвер Беџети по една година тегавење на Судскиот совет, беше казнет со 20 отсто од платата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира