СИТЕ БОМБИ СЕ ДАДЕНИ НА СЈО, ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ИСПИТААТ КОЈ ГИ ПУШТИЛ СНИМКИТЕ НА МИЛОШОСКИ СО ВАНГЕЛОВСКИ, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ

    СИТЕ БОМБИ СЕ ДАДЕНИ НА СЈО, ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ИСПИТААТ КОЈ ГИ ПУШТИЛ СНИМКИТЕ НА МИЛОШОСКИ СО ВАНГЕЛОВСКИ, РЕЧЕ ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИСпасовски кажа дека не треба да има толеранција за оној кој ги пуштил снимките, туку соодветни санкции од надлежните институции.(Фото: Влада)

    Техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека сите бомби СДСМ ги предал на Специјалното јавно обвинителство и ги повика институциите да истражат кој ги пуштил снимките меѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и неправосилно разрешениот претседател на Врховен суд Јово Вангеловски.

    „Сѐ е предадено во СЈО и нема ништо останато во седиштето на партијата, ниту пак има потреба. Јас не ги слушнав снимките, но знам дека се објавени. Ги повикувам институциите да истражат од каде и зошто се пуштени. Треба да има нулта толеранција за оваа работа. Институциите и државните органи треба да си ја завршат работата, да преземат мерки и санкции“, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата за растот на бруто домашниот производ.

    Вчера попладне на каналот Јутјуб беа објавени 5 телефонски разговори на Антонијо Милошоски со експретседателот на Врховен суд Јово Вангеловски и со уште еден врховен судија и едно женско лице. На петте снимки се слуша како Милошоски ургира кај тогашниот претседател на Врховен суд Вангеловски, во врска со предмет на Здружение на возачи Кичево, во кој е вмешан неговиот татко.

    Милошоски на својот фејсбук профил напиша дека снимките се направени нелегално во 2011 година од УБК, кога директор бил Сашо Мијалков.

    А. АНТЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира