OВА Е ИСТОРИСКА МОЖНОСТ И ТЕШКО ЌЕ ИМА УШТЕ ЕДНА ВО НАШИОТ ЖИВОТ, РЕЧЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ АМЕРИКАНСКИОТ ПОМОШНИК ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ВЕС МИЧЕЛ

    OВА Е ИСТОРИСКА МОЖНОСТ И ТЕШКО ЌЕ ИМА УШТЕ ЕДНА ВО НАШИОТ ЖИВОТ, РЕЧЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ АМЕРИКАНСКИОТ ПОМОШНИК ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ВЕС МИЧЕЛ„Мислам дека ова е историска можност и мислам дека изгледите оти ваква можност ќе има уште еднаш за време на нашиот живот се многу мали“, рече американскиот помошник државен секретар Вес Мичел по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата (Фото: К. Попов)

    „Ги повикувам сите граѓани да ја исполнат својата слобода, како и одговорноста, и да излезат и да гласаат на референдумот. Мислам дека ова не е момент во историјата кога би сакале да не се чуе вашиот глас, мислам дека е важно да се зборува јасно да се искаже мислењето. Мислам дека ова е историска можност и мислам дека изгледите оти ваква можност ќе има уште еднаш за време на нашиот живот се многу мали“, рече американскиот помошник државен секретар Вес Мичел по средбата со премиерот Зоран Заев попладнево во Скопје, заради поддршка на престојниот референдум за името на 30 септември.

    Мичел рече дека имал продуктивни разговори со Заев, министерот Никола Димитров, спикерот Талат Џефери и лидерот на опозицоната ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, и кажа дека одлука за за референдумот може да донесат само македонските граѓани. „Македонија е на патот кон Западот многу долго време, ги повикувам сите граѓани да си ги исполнат нивното основно право на слобода но и на одговорност за време на референдумот и да излезат да гласаат. Ова е историска можност, и на патот за НАТО и ЕУ од интерес на Македонија е да обезбеди дека гласот на нејзините граѓани ќе биде чуен. САД ја поддржува Македонија во овој процес, верувам дека е во интерес на Македонија, и во интерес на Европа и на Америка да има Балкан кој е стабилен безбеден и напреден. Тоа беше мојата порака на сите состаноци“, рече Мичел.

    Премиерот Заев попладнево рече дека поддршката на САД е знак дека сме на вистинскиот пат, и уште еднаш ја повика опозицијата да ги повика граѓаните да излезат на референдумот.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира