И ИСКЛУЧЕНИТЕ МОРА ДА ПЛАЌААТ ЗА ПАРНО, ПРЕСУДИ УСТАВНИОТ СУД

    И ИСКЛУЧЕНИТЕ МОРА ДА ПЛАЌААТ ЗА ПАРНО, ПРЕСУДИ УСТАВНИОТ СУДУставниот суд ја отфрли иницијативата, затоа што по ова прашање решавале и пред четири години (Фото: СДК)

    Граѓаните кои не користат парно и во иднина ќе мора да плаќаат паушален износ, пресуди Уставниот суд, откако ја отфрли иницијативата поднесена од Здружението за заштита на човекови права „Но пасаран“, објави државната агенција МИА.

    Уставниот суд ја оценуваше уставноста на членот 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната комисија за енергетика, кој предвидува сите граѓани да плаќаат надоместок за парно, дури и оние кои се имаат исклучено од системот.

    Од судот соопштија дека иницијативата беше отфрлена, затоа што по членот 66 одлучувале и пред четири години.

    Во Македонија, речиси 12.000 домаќинства се исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија, но и тие мора да плаќаат паушелен износ, во зависност од површината на станот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира