СИТЕ ШТО СМЕ ОБВИНЕТИ, НЕМАМЕ ПРАВО НИ ДА ДИСКУТИРАМЕ, НИ ДА ГЛАСАМЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, РЕЧЕ ПРАТЕНИЧКАТА ДАНИЕЛА РАНГЕЛОВА ОД ВМРО-ДПМНЕ

    СИТЕ ШТО СМЕ ОБВИНЕТИ, НЕМАМЕ ПРАВО НИ ДА ДИСКУТИРАМЕ, НИ ДА ГЛАСАМЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО, РЕЧЕ ПРАТЕНИЧКАТА ДАНИЕЛА РАНГЕЛОВА ОД ВМРО-ДПМНЕСите оние што сме на каков било начин засегнати во истраги, предистраги или обвиненија, на чело со мене, апелирам да не дискутираме за Законот за јавно обвинителство, зашто јавноста зборува дека сме пристрасни, рече Рангелова во собраниската расправа за Законот за јавн обвинителство. (Фото: К. Попов)

    Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова попладнево излезе на говорница во Собранието и побара сите што се осомничени и обвинети во некакви постапки, да не дискутираат за Законот за јавно обвинителство, зашто тоа е неетички пред граѓаните. Рече дека и таа има мислење за Законот, но ќе го каже во друга прилика, кога ќе се заврши предметот против неа.

    „Сите оние што сме на каков било начин засегнати во истраги, предистраги или обвиненија, на чело со мене, апелирам да не дискутираме за Законот за јавно обвинителство, зашто јавноста зборува дека сме пристрасни. Сметам дека обвинети и лица под истрага, иако имаат презумпција на невиност, не треба ни да преговараат, ниту да гласаат за Законот за јавно обвинителство“, рече Рангелова и никој не ѝ реплицираше, ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту колегите од другите партии.

    Рангелова е обвинета во случајот Шамари во Центар на СЈО.

    Потоа, таа апелираше до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и до Независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да престанат јавно да се пречкаат и јадат едни со други.

    „Престанете да ја уништувате партијата. Личните работи чувајте си ги за дома, тие не се за тука!“, им кажа таа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира