СЈО БАРА ПРИТВОР ЗА ГРУЕВСКИ, МИЈАЛКОВ, КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА, ПЕШЕВСКИ И ЛАТАС

    СЈО БАРА ПРИТВОР ЗА ГРУЕВСКИ, МИЈАЛКОВ, КАНЧЕСКА МИЛЕВСКА, ПЕШЕВСКИ И ЛАТАССпецијалната обвинителка Катица Јанева со нејзиниот тим од СЈО на денешната прес-конференција. (Фото: СДК.МК)

    Специјалното јавно обвинителство побара од Кривичниот суд да одреди мерка притвор за Никола Груевски, Сашо Мијалков, Елизабета Канческа Милевска, Владимир Пешевски и Драган Павловиќ Латас во неколку од обвиненијата што денеска ќе ги поднесе во Судот.

    За случајот „Титаник“, побаран е притвор Никола Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.
    За случајот „Тендери“, побаран е притвор за Елизабета Канческа Милевска.
    За случајот „Тотал“, побаран е притвор за Драган Павловиќ Латас.
    За случајот „Траекторија“, побаран е притвор за Владимир Пешевски.
    За случаите „Тврдина“ и „Таргет“, побаран е притвор за пет лица, меѓу кои и Сашо Мијалков.

    Специјалното јавно обвинителство поднесе 17 обвиненија за 18 случаи против 94 физички и правни лица, соопшти пред малку специјалната обвинителка Катица Јанева.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира