СЈО ГИ ДОНЕСЕ ДОКАЗИТЕ НА ЦЕДИЊА И СПРЕЧИ РАЗВЛЕКУВАЊЕ НА СУДЕЊЕТО ПРОТИВ СЕАД КОЧАН

    СЈО ГИ ДОНЕСЕ ДОКАЗИТЕ НА ЦЕДИЊА И СПРЕЧИ РАЗВЛЕКУВАЊЕ НА СУДЕЊЕТО ПРОТИВ СЕАД КОЧАНОбвинетиот Сеад Кочан со адвокатскиот тим пред првото рочиште од судењето за „Труст“ на 7 ноември. (Фото: М. Златевска)

    Обвинителот од СЈО Артан Ајро спремен со цедиња со докази од истрагата против Сеад Кочан, кои што за денешното рочиште ги донел во најлонско ќесе, спречи обид за развлекување на почетокот на овој судски процес.

    Одбраната на Кочан, но и на второобвинетиот Василија Авировиќ, син на пратеничката Владанка Авировиќ од СП, но и на третообвинетиот Сафет Ватиќ, се обидоа да го вратат почетокот на главната расправа за „Труст“ во рикверц, во подготвителна расправа. На сличен начин, подготвителна расправа заглави повеќе од година и пол во случајот „Тврдина 2″, за кој што дури минатата недела падна пресуда. Во подготвителна расправа година и пол е и случајот „Насилства и шамари во Центар“.

    Судијката Лидија Трајковска Зимбовска одлучи да го отфрли барањето на адвокатите, место главна расправа, таа да организира подготвителна расправа. Обвинителот Гаврил Бубевски им ги подели цедињата и од доказите од истрагата, што ги беше донел колегата Ајро, по што немаше пречка да се премине на воведни зборови и изјаснување на обвинетите за вина.

    Кочан, кој рече дека во моментот работи како советник во неговото бившо претпријатие „Трансмет”, натаму Авировиќ и Ватиќ, се обвинети за злоупотреба на повик за јавна набавка, која го оштетила биџетот на ЕЛЕМ од 17 милиони евра. Во моментов Трајковска Зимбовска ја отвора главната расправа за “Трансмет” на СЈО.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира