СЈО ИМА ДОКАЗИ ДЕКА ПОЧИНАТИОТ СВЕДОК КРПАЧ БИЛ ПОД ПРИТИСОК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ИМА ДОКАЗИ ДЕКА ПОЧИНАТИОТ СВЕДОК КРПАЧ БИЛ ПОД ПРИТИСОК

    Специјалното обвинителство издаде соопштение во врска со смртта на скопјанецот Коста Крпач и потврди дека тој бил сведок, но не и осомничен во предистражна постапка што го води тимот на Катица Јанева.

    Коста Крпач вчера беше најден мртов со прострелна рана во градите во неговиот стан во скопската населба Капиштец, откако пред тоа пукал во комбе паркирано пред зградата. Тој беше еден од списокот на 56-те аболирани лица од претседателот Ѓорге Иванов, иако Специјалното обвинителство соопшти дека за него кај нив никогаш не била водена кривична постапка никогаш немал својство на осомничено лице.

    „Од тие причини за нас нејасна е одлуката на Претседателот на Република Македонија да го помилува токму ова лице и се уште чекаме одговор на поднесеното барање за достава на податоци од каде му се информациите на Претседателот на Република Македонија дека наводно против ова лице се водела кривична постапка“, стои во соопштението на СЈО.

    Со денешното соопштение СЈО сака да ги демантира наводите на одредени медиуми дека ова Јавно обвинителство правело било каков притисок врз Крпач.

    „Ве известуваме дека лицето Коста Крпач доброволно се јави во ова Јавно обвинителство и истиот имаше својство на сведок во рамки на една предистражна постапка. Соработката со сведокот беше беспрекорна и се работеше за исклучителна личност, така што веста за неговата смрт ги погоди сите вработени во ова Јавно обвинителство. Во оваа прилика, сакаме да изразиме длабоко сочувство до членовите на семејството на сега покојниот Коста Крпач“, се вели во соопштението на СЈО.

    Од таму известуваат дека „ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот под кој се наоѓаше лицето Коста Крпач, но со оглед дека се работи за исклучително доверливи информации, истите нема да бидат соопштени на јавноста во овој момент. Секако, доколку се јави потреба ние сме отворени за соработка со органите на прогонот кои ја испитуваат смртта на сега покојниот“, соопшти денеска Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со смртта на Коста Крпач, еден од 56-мината аболицирани од претседателот Иванов.

    Неговото име во Службениот весник со одлуката за помилување е прво, пред извесни Владислав Стајковиќ и Христијан Панев, за кои не се знае како се нашле на списокот на Иванов за аболиција бидејќи не се политичари. Неколку медиуми шпекулираат дека трите имиња се поврзуваат со бомбата број 15, односно со набавката за израелската опрема за прислушување. Но, ниту од Кабинетот на претседателот, ниту од СЈО тоа до сега не е потврдено.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира