СЈО ПОБАРА ОДЗЕМАЊЕ ПАСОШИ ЗА ДВЕ ОСОМНИЧЕНИ ЛИЦА ЗА „ТЕНДЕРИ“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ПОБАРА ОДЗЕМАЊЕ ПАСОШИ ЗА ДВЕ ОСОМНИЧЕНИ ЛИЦА ЗА „ТЕНДЕРИ“

    Специјалното јавно обвинителство поднесе предлог до Основниот суд Скопје 1 за определување на мерка претпазливост – одземање патни исправи за две осомничени лица во врска со истрагата за предметот „Тендери“, соопшти СЈО. За истите две лица е побарана и мерка претпазливост – еднаш неделно, секој вторник во 10 часот да се јавуваат кај определено службено лице во Судот.

    „Во текот на вчерашниот ден до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а во врска со истрагата во предметот „Тендери“ поднесен е предлог за определување на мерки за претпазливост за две осомничени лица, со кои е побарано од Судот осомничените лица да се јавуваат еднаш неделно – секој  вторник во 10:00 часот кај определено службено лице во Основниот суд Скопје 1 Скопје. Воедно, за двете осомничени лица побарано е определување и на мерка претпазливост одземање на патна исправа, поради постоење на околности кои упатуваат на опасност од бегство“, соопшти СЈО.

    Специјалното јавно обвинителство вчера покрена истражна постапка под кодно име „Тендери“, a се однесува на склучување договор меѓу Министерството за култура и правното лице  „Бетон Штип“ за извршување завршни градежни работи на Музејот на ВМРО.

    Првоосомничена во случајот „Тендери“ е министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а осомничени се и три други лица од Комисијата за јавни набавки од истото министерство.

    „Бетон Штип без спроведена постапка, односно без јавна набавка, ги извршувал градежните работи и кога бил објавен огласот за јавна набавка, формално учествувал во постапката. Од Министерство за култура до „Бетон“, заклучно со  31 декември 2013 година, биле исплатени 54.501.336 денари“, кажа обвинителката Фатиме Фетаи на вчерашната прес-конференција.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира