СЈО ПОЧНА ДА ИСПРАШУВА СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ПРОТИВ СЕАД КОЧАН

    СЈО ПОЧНА ДА ИСПРАШУВА СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ПРОТИВ СЕАД КОЧАНСудењето за случајот „Труст“ на СЈО е во тек. - Обвинетиот Сеад Кочан пред Основниот суд Скопје 1 на претходното рочиште (Фото: СДК.МК)

    Почна изведувањето на доказната постапка за случајот „Труст“ на СЈО во кој е обвинет поранешниот сопственик на „Трансмет“ Сеад Кочан за тендер за ископ на јаглен и јаловина за ЕЛЕМ со фалсификувана документација и со кој ЕЛЕМ е оштетен за 17 милиони евра јавни пари.

    Доказната постапка почна со повикување на сведокот Феим Имери, кој, како што кажа, има фирма за продажба на сите градежни машини и кој го снабдувал „Трансмет“ со нив уште од времето на дедото на Сеад Кочан.

    Обвинителот од СЈО Артан Ајро му предочи фактури за купени булдожери либхер за кои што сведокот признаваше една по една дека се негови, но вели дека потписот не си го препознава.

    „Да ги имав оригиналните фактури немаше да бидете тука. Документиве се фалц и затоа те викнав како сведок“, му одговори Ајро на Имери, кој не си го препознаваше потписот на документите и го прашуваше обвинителот: „За што вие ме обвинувате, зошто сте ме викнале овде?“.

    Потоа Ајро му покажа документ за одземени предмети со негов потпис и тука сведокот си го препозна потписот за разлика од фактурите од 2009 година за кој сведокот има дилеми дали потписот е негов.
    Судењето е во тек.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира